

Темата на настанот е „UX/UI дизајн во ерата на мобилни апликации: Трендови и стратегии + Можности за успешна фриленс кариера од Македонија“.
Панелисти:
Дејан Зафировски, UX/UI Design Lead во Echo и предавач на Академијата за UX/UI дизајн во Creative Hub
Сеид Таировиќ, Lead Product Designer во Dashy Dash
Заедно со нашите панелисти Дејан и Сеид ќе зборуваме за:
Како еволуирале трендовите за дизајн на мобилни апликации во последните неколку години
Кои нови технологии влијаат на дизајнот на мобилните апликации и како тие можат да го подобрат корисничкото искуство
Како UX/UI дизајнерите осигуруваат инклузивност на мобилните апликации
Кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат UX/UI дизајнерите
Како да се издвоите од конкуренцијата
Како до top-rated plus титула на Upwork
Како до позитивен feedback од клиентите на Upwork и одржување на висока репутација
Како да ги задржите клиентите на Upwork
Настанот е бесплатен и е организиран од Академија за UX/UI дизајн на Creative Hub.